1 (17) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 13:46 -> 01-Feb 16:10
.
.
.
.

Големите маркети вчера со намален промет за 47 отсто

  • Бојкотот го преполови прометот на маркетите, УЈП ги објави податоците

Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера.

Управата за јавни приходи го објави прометот на осумет најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и ден претходно како и минатиот петок.

2 (8) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 14:39 -> 01-Feb 15:41
.
.
.
.

СТРУМИЧАНИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ „Поради опасниот воздух младите имаат сериозни болести“

  • Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ 10 честички и надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“во организација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица.

Енормното загадување на воздухот во Струмица со ПМ 10 честички и заради надминатиот праг на алармирање, како и по четврти пат оваа зима стапување во сила на препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска ги крена струмичките екологисти и граѓаните на протестен марш под мотото „Забрането дишење“во организација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица.

3 (4) ■ вести > балкан > регион ■ 01-Feb 15:17 -> 01-Feb 15:53
.
.
.
.

Студенти од Хрватска со протестен молк ги поддржаа српските колеги

  • Студентите од три хрватски градови со протестен молк ги поддржаа своите колеги во Србија

Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Со петнаесетминутно молчење и порака дека „солидарноста не познава граници“, студенти во Загреб, Сплит и Осиек денеска изразија солидарност и поддршка за своите колеги во Србија кои протестираат повеќе од два месеца по падот на бетонска настрешпница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

10 (6) ■ вести > македонија ■ 01-Feb 12:17 -> 01-Feb 14:54
.
.
.
.

Поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, предупредува Шукова

  • Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека поскапувањето на парното ќе доведе до нова еколошка катастрофа, бидејќи граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што ќе го зголеми загадувањето.

Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5%! Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова на денешната прес конференција.

14 (27) ■ вести > свет ■ 31-Jan 07:30 -> 01-Feb 15:34
.
.
.
.

Трамп: Ќе воведам царини за ЕУ

  • Трамп: Ниту Канада, ниту Мексико, ниту Кина од денеска не можат да ги одложат новите царини

  • Канада ќе одговори веднаш и соодветно ако САД воведат царини, изјави Трудо

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини за Европската унија, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека од денеска ќе воведе високи царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада, како и 10 отсто за увозот од Кина, и дека ниту една од тие три земји не може да не прави ништо за тоа да го одложи.

Канада ќе одговори веднаш и соодветно доколку САД навистина воведат царини на увозот од оваа земја, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо, нагласувајќи дека во таков случај канадските граѓани ќе се соочат со „тешки времиња“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

184 (5) ■ бизнис > економија ■ 30-Jan 17:48 -> 30-Jan 20:12
.
.
.
.

РАБОТНИЦИТЕ ЧЕКААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Мицкоски кажа дека него ќе го договорат работниците и работодавачите

  • Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра, изјави дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеничката Јована Тренчевска за тоа дали се планира раст на минималната плата и дали истата ќе изнесувала над 500 евра истакна дека иако на Владата најмногу би му одговарало тоа, минималната плата треба да ја одредат работодавачите и работниците.

177 (6) ■ сцена > култура ■ 30-Jan 07:55 -> 30-Jan 15:15
.
.
.
.

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА КОЛЕ МАНЕВ ВО ДЛУМ: Македонската култура останува посиромашна за еден голем човек и извонреден уметник

  • Комеморативна седница за уметникот, режисер и писател Коле Манев

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска организира комеморативна седница за уметникот Коле Манев (1941-2025), член и поранешен претседател на ДЛУМ.

Без разлика дали работеше во сликарството, културата или литературата неговите дела ја доловуваат душата на неговото време и ја пресликуваат секоја болка, секоја радост и секоја надеж, а неговото творештво говори за универзалноста на неговите величини и изрази, беше посочено на денешната комеморативна седница во Националната галерија Даут пашин амам за уметникот, режисер и писател Коле Манев, кој почина на 22 јануари годинава.