Време зa читање: 2 минути “Не сметам дека договорот со Велика Британија е антиевропски, таа е земја која е доскорешна членка на ЕУ. Велика Британија ни помогна, после 27 години, да ја развиеме Националната развојна стратегија(НРС) за наредните 20 години, каде една од клучните одредби е Европската унија“, рече поранешниот вицепремиер за економски прашања и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во одговор на новинарско прашање во емисијата „Само Интервју“ на ТВ Канал 5, а во врска со оценките дека договорот за задолжување од 6 милијарди евра е антиевропски.
Во однос на оценките за нетранспарентноста и неотчетноста на Владата, Битиќи истакна дека ги споделува тие ставови и изрази сомнеж во однос на тоа што Владата посегнува по фондови кои доаѓаат надвор од Европската Унија.