Адвокатот на Боре Видески смета дека откако ќе завршат исказите на сите обвинети неопходно ќе биде да се направи реконстукција на целиот настан.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.
Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.
Судијата Ивица Стефановски, кој го суди предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, закажа две нови рочишта на кои е предвидено првообвинетиот во случајот, Љупчо Палевски-Палчо, да дава исказ и да одговара на вкрстени прашања, откако денеска судењето беше одложено поради тоа што не се појави адвокатот на Палчо, Јовица Страшевски, поради здравствени проблеми.