Добивај вести на Viber Денес на прес конференција во Стопанскакомора на Северна Македонија претседателот на Групацијата на небанкарски финансиски друштва, г-дин Никола Јошевски, го промовираше Етичкиот кодекс на Групацијата. претставува збир на вредности, принципи и добри практики од работењето на финансиските друштва, потписници на Етичкиот кодекс, кои се во согласност со законски пропишаните регулативи и ги надградуваат истите, а со чие применување и почитување се утврдуваат минималните стандарди во работењето на финансиските Целта на Етичкиот кодекс е да се унапреди работењето на финансиските друштва и да се подобри корисничкото искуство на нивните клиенти, да се поттикне поголема социјалната одговорност на финансиските друштва, како и да се унапреди релацијата на финасиските друштва со потрошувачите, односно корисниците на нивните услуги.
Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе го промовираат Етичкиот кодекс со кој се утврдуваат минималните стандарди во работењето на финансиските друштва.