Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за –Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишното лице, кое вчера, како учесник во сообраќајот на вклучено црвено светло на семафор ја прегази Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лента.