СAД вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави за ТВ2 данската премиерка Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.
Претстојната посета на американска делегација на Гренланд, во која ќе биде и советникот за национална безбедност, претставува „неприфатлив притисок“ врз Кралството Данска, чиј дел е и оваа автономна арктичка територија, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека во петок ќе го посети Гренланд придружуван од висока американска делегација.