1 (8) ■ вести > македонија ■ 10-Apr 08:03 -> 10-Apr 09:24
.
.
.
.

Во телефонски разговор Мицкоски и Лутник ги потврдија цврстите односи меѓу САД и Македонија

  • Мицкоски телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека вчера телефонски разговарал со американскиот државен секретар за економија Хауард Лутник за македонско-американското стратешко и економско партнерство.

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник – пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, објави премиерот Христијан Мицкоски.

2 (5) ■ вести > македонија ■ 08-Apr 19:33 -> 10-Apr 09:35
.
.
.
.

Зелен хуман град со протестен марш во сабота за труењето од рудникот Тораница

  • Зелен хуман град најавува мирен протестен марш за труењето од рудникот Тораница

Зелен хуман град најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање поради, како што велат, алармантниот молк и неодговорното постапување на надлежните институции во врска со хаваријата и истекувањето на токсични материи од рудникот Тораница во Крива Река.

Зелен хуман град најавува мирен протестен марш во 12:30 ч. во сабота (12 април) што ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање поради, како што велат, алармантниот молк и неодговорното постапување на надлежните институции во врска со хаваријата и истекувањето на токсични материи од рудникот Тораница во Крива Река.

5 (86) ■ вести > свет ■ 08-Apr 07:53 -> 10-Apr 09:42
.
.
.
.

Трамп ги зголемува царините за Кина на 125% и воведува 90-дневна пауза за другите земји

  • САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина

  • Бела куќа: Речиси 70 земји бараат трговски преговори со САД

  • Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја зголемува царината на увозот од Кина на 125 проценти, нарекувајќи ја мерката одговор на „недостигот на почит“ од страна на Пекинг кон светските пазари.

САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа, јавуваат западни медиуми.

Речиси 70 земји ѝ пристапија на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со барање за почеток на трговски преговори, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.

11 (32) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-Apr 13:01 -> 09-Apr 17:44
.
.
.
.

Кривична за штипски затворски полицајци вмешани во внес на дрога во затворот

  • Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

  • Пандов: Во затворите имаме богати криминалци, даваат по илјадници евра за телефон!

  • Затворски чувари му помагале на Жан Железарски да си ја најде дрогата, наводно барале часовник што го однела кучката Цеца

Директорот на Управата за санкции Александар Пандов поднесе кривични пријави против неколкумина затворски полицајци од затворот во Штип оти во февруари дозволиле непознат автомобил да влезе преку една од капиите и преку ѕидот да фрли кокаин и марихуана спакувани во топка, а потоа затворски полицајци заедно со затвореници ја барале топката во тревникот.

Пандов смета дека проблемот со телефоните, дрогата и останати недозволени работи по затворите може да се реши.

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска вели дека затворите се најкорумпирани од сите институции на системот во Македонија.

Двајца дошле со кола пред втората од трите капии на штипскиот затвор, фрлиле дрога преку оградата, а затворскиот полицаец не го запишал возилото.

12 (26) ■ вести > македонија ■ 09-Apr 12:02 -> 10-Apr 08:07
.
.
.
.

Трендафилов: Владата не рече не, не може и нема да зголемуваме плати, меѓутоа другите синдикати го рекоа тоа!

  • Деаноски: Владата е подготвена до средината на мај да бидат потпишани колективните договори за додатоци на плата

  • Синдикатите на средба во Влада – Трендафилов: ССМ денеска ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите?

По состанокот во Владата, на прес конференција од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информираат дека работниците немаат проблем со Владата и нивните ставови, туку имаат со останатите синдикати.

Владата е подготвена до средината на следниот месец да бидат потпишани колективните договори со кои ќе се овозможи етапна исплата на додаток на плата од 30 проценти за вработените во државната управа, освен правосудството.

Слободан Трендафилов од ССМ, денеска пред средбата во Владата, даде изјава во која ече дека на состанок ќе праша до каде е зголемување на платите на работниците, односно зголемување на минималната плата.

13 (21) ■ вести > свет ■ 08-Apr 21:40 -> 10-Apr 09:31
.
.
.
.

„Човек кој никогаш не бил министер го презема раководството на првата европска сила“: Кој е Фридрих Мерц, идниот канцелар на Германија?

  • Конзервативците на Мерц и социјалдемократите постигнаа договор за формирање германска влада

  • Во Германија формирана голема коалиција

Често окарактеризиран како „човек од минатото“, новиот иден канцелар на Германија Фридрих Мерц буди големи надежи кај неговите европски сојузници, кои цврсто сметаат на поддршката на Германија во светот нарушен од Доналд Трамп.

Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и најверојатно следен канцелар Фридрих Мерц, денеска постигнаа договор со централно-левичарските Социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада, јави НТВ.

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и веројатно иден германски канцелар Фридрих Мерц за време на презентацијата на коалицискиот договор на идната демохристијанско-социјалдемократска влада во Берлин изјави дека договорот е силен сигнал за Германија, но и за Европската унија.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

176 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 08-Apr 11:46 -> 08-Apr 14:16
.
.
.

Алкалоид и универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип потпишаа меморандум за соработка

  • АЛКАЛОИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА Фокусот ќе биде на одржливи фармацевтски пакувања

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски; деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, проф. д-р Милка Здравковскa, и генералниот директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) од Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, деканката на Факултетот за медицински науки при Универзитетот, проф. д-р Милка Здравковскa, и генералниот директор/претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, потпишаа Меморандум за соработка, чија цел е реализирање заеднички проекти за унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка и експертиза.