По 11 победи во низа и максимален ефект од почетокот на лигашкиот дел во Конференциската лига, Челси вечерва го доживеа првиот пораз во ова натпреварување.
Челси се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига, и покрај поразот на домашен терен од Легија Варшава од 1-2. Сепак, победата од 3-0 на тимот од „Стемфорд бриџ“ на првиот натпревар, беше повеќе од доволно за пласман на Англичаните меѓу четирите најдобри екипи во третото по квалитет европско клупско натпреварување.