Во Основниот Кривичен Суд во Скопје вчера требаше да се одржи рочиште за убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче кои ја потресоа цела Македонија, но рочиштето беше откажано, бидејќи адвокатот на првообвинетиот во случајот Љупчо Палевски Палчо, Јовица Страшевски, не се појави на судење поради здравствени проблеми, па така Палчо не беше вкрстено испрашуван како што беше предвидено.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски со сведочење на првообвинетиот Љупчо Палевски, којшто треба да одговара на вкрстени прашања на Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.
Предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, според бранителот на еден од обвинетите Боре Видевски, адвокат Бојан Манев, треба да се врати или во фаза на истрага или да се одреди реконструкција со која би се разјасниле многу отворени прашања.
Нема да се одржи закажаното рочиште на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.