Нашиот став во врска со Предлог-законот за пратеници кој се однесува на патните трошоци на колегите од Левица останува принципиелен – ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање театар на секоја тема, истакна на денешната прес-конференција Даниела Белимова, пратеничка на Движењето ЗНАМ.
Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци.
Соопштението на ЗНАМ со кое обзнанија дека на утрешната седница нема да го поддржат предлогот на пратеничката група на Левица за кратење на патните трошоци, го цениме како крајно арогантен и расипнички.
ВМРО-ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците, соопшти претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи.