Најмалку 10 кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје, ако Државната изборна комисија утврди дека кандидатурите се во ред.
Освен шесте независни кандидати, од кои веќе се промовираа архитектот Горан Марковски од „Независни заедно“ и професорот по дизајн Александар Марковиќ, поддржан од ТМРО, во битката за градоначалник на Скопје влегуваат актуелниот градоначаник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и ексминистерката за екологија Каја Шукова од СДСМ.
За фотелјата на првиот човек на Скопје ќе се борат и пратеникот Скендер Реџепи-Зејд како кандидат на Национална алијанса за интеграција и Башким Бакиу од коалицијата Вреди.
Најмногу, шест кандидати, собираа потписи за кандидатурите за градоначалник на Скопје, Прилеп, Долнени и на Шуто Оризари.
По пет кандидати собираат потписи за градоначалници на Гостивар и Демир Хисар, а по двајца независни кандидати – за Македонска Каменица, Охрид, Куманово, Дебарца, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила и Новаци.
Листите со кандидатури за градоначалници и советници треба да бидат доставени до ДИК најдоцна до 13 септември.
Откако листите ќе бидат утврдени, до почетокот на кампањата која почнува на 29 септември, сите учесници на изборите, и независните и партиските, ќе можат да организираат само по еден јавен настан за промоција на кандидатите и изборните програми.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Зоран Тодоров ја објави својата независна кандидатура за градоначалник на Кочани. Тој вчера ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на изборите закажани за 19 октомври.
Локалните избори кои треба да се одржат во октомври најверојатно ќе го забават предлагањето нови членови во Судскиот совет и во Уставниот суд. На Миљазим Мустафа му истече мандатот како член на Советот, а претседателката уште нема предложено ново име.
Судскиот совет на првата наредна седница ќе донесе одлука како ќе постапува и работи во периодот до завршување на изборите. Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, вели дека се разговара дали Советот комплетно да застане со работата или пак може некои фази од постапките да ги работи и постапува, а само изборот да биде за по завршување на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ излезе со свој став по вчерашната порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети при партискиот настан во општина Чаир. Оттаму тврдат дека ДУИ е во очај штом Ахмети се враќа 24 години наназад со тезите.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека од ДУИ не можат да ја делат Македонија, туку можат да завршат во затвор. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДУИ е во очај и дека лидерот Али Ахмети се враќа 24 години наназад со теми од конфликтот во 2001 година за да ја прикрие, како што велат од партијата, сопствената одговорност за корупцијата, сиромаштијата и за масовното иселување на Албанците и на другите граѓани во изминатите две децении.
Фото: СДСМ СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници во уште три општини СДСМ соопшти дека со одлука на Извршниот одбор на партијата е дадена согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: -Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип -Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и -Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково. Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.
Од: А1он Ве информираме дека со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: -Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип -Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и -Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково. Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР), Ивица Томовски, реагираше на најновите објави за незаконско следење и за прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, оценувајќи дека станува збор за скандал „од невидени размери“. Тој вели дека во тој период биле прислушкувани сегашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и новинари, медиуми и бизнисмени.
Ивица Томовски – директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата реагираше на Фејсбук по објавите за незаконско следење и прислушување во периодот од 2019 до 2024 година. Вели дека станува збор за скандал од невидени размери.