Христијан Мицкоски Фото: Принтскрин Ќе има одговорност и правна разрешница за тоа што ме следеле мене, новинари, најавува Мицкоски Нема да има селективна правда, ќе има одговорност, правна разрешница за скандалот со нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот, најави премиерот Христијан Мицкоски, откако од АНБ, но и тој кажаа дел од вработените во АНБ заедно со раководството во периодот од 2019 до 2024 го следеле него како опозициски лидер, новинари и медиуми и дека злоупотребувале ресурси на Агенцијата за следење. Нашата држава се соочува со нов скандал нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години.