Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова.
Каја Шукова / Фото: Фејсбук Шукова најави 100 нови мурали во Скопје Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во првата година од нејзиниот мандат. „Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град,“ изјави Шукова, најавувајќи вклучување на локални уметници и млади креативци.
Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски. Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже.
Вие знаете од мојата политичка кариера, јас не бегам од дебати, иако се обидувам во оваа кампања, да наметнам позитивна кампања бидејќи сметам дека политиката е натпревар на идеи, а не натпревар на пропаганда на навреди и измислици. Вчера имаше случај каде што штабот на мојот противкандидат сечел моја изјава за да прикаже еден поинаков став.
Само една недела пред светот да ја добие веста за неговата смрт, легендарниот моден креатор Џорџо Армани даде интервју за „Фајненшл тајмс“, во кое откри кој ќе ја наследи неговата империја. Во разговорот, Армани објасни дека планирал постепено да ја предаде управувачката палка на компанијата, која во 2024 година оствари приходи од 2,3 милијарди евра и чиј единствен сопственик беше до крајот на својот живот.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста со кратко соопштение: „Со бескрајна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.
Од: А1он „Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од 6-то одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина“ соопштија од Левица. Од партијата велат „овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување.
Фото: Левица-Аеродром Левица: Деца учат во влага и смрдеа во скопско училиште Учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром учат во подруми со влага и смрдеа, објави денеска Левица. „Скандалозен почеток на учебната година во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде учениците од седмо одделение се приморани настава да следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина.
Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев ВИДЕО | Филипче во интервју за „Слободен печат“: Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ вели дека сите политики на власта одат во насока на тоа дека таа е „договорена со големите бизниси“. „Платите не растат.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го запре патот на развојот на државата и посегна по огромни, нетранспарентни задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средба со граѓани во Радовиш. „За жал, имаме работа со ненародна влада која што не се грижи ниту за граѓаните, ниту за државата.
Иако екс-генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски демантираше дека фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие, продолжува реакциите во јавноста. Со став се огласи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Рашковски реагира на написи во медиумите: Не сум изнесувал 20.000 евра од Македонија, легално ги внесов Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, реагираше откако дел од медиумите објавија дека бил задржан на границата со Грција при обид да изнесе 20.000 евра од земјава. „Во врска со некои написи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција, тие се апсолутно невистина.
Русија ќе ги врати своите замрзнати средства на Запад во натура, односно со територијата што ѝ беше предадена на Украина. Ова го коментираше заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод предавањето на Лондон на Киев на 1,3 милијарди долари профит од руски средства.
Москва би можела да заплени британски средства и понатаму да ја проширува украинската територија поради неодамнешната употреба на замрзнати средства за да обезбеди дополнителна воена поддршка на руските трупи околу Киев, изјави во четврток заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Во соопштението од британското Министерство за одбрана во среда се вели дека Лондон префрлил оружје и воена поддршка во вредност од повеќе од 1 милијарда фунти (1,3 милијарди долари), за кои тврди дека се купени со пари собрани од замрзнатите руски средства.
Најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на САД. Србинот беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз во Њујорк со 3:0, во сетови 6:4, 7:6(4), 6:2, а во финалето на третиот последователен грен слем, Алкараз ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.
Од: А1он Двајцата најдобри светски тенисери во моментов се изборија за нов финален меч на Грен слем турнир. Тие во полуфиналните дуели одиграни ноќеска забележаа победи.
Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI ФОТО+ВИДЕО: Емотивни сцени во Буенос Аирес, Меси со два гола се збогуваше од домашната публика Изминатата вечер репрезентацијата на Аргентина која својот настап на Мундијалот го обезбеди уште претходно славеше победа над Венецуела со 3-0, а овој натпревар беше посебен поради Лионел Меси. Имено,, за Меси ова беше последен настап репрезентацијата на Аргентина на домашен терен, па поради тоа донесе и многу емоции.
На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес се собраа 85 илјади гледачи кои два часа му скандираа и пееја на својот миленик и му се поклонија за сето она што го направи во двете децении како репрезентативец. Некогашната суперѕвезда на Барселона не можеше да сокрие емоциите, колку и да се обидуваше се гледаше дека солзите навираат и дека не е имун на љубовта која ја добива од навивачите.
Ракометниот клуб Алкалоид одржа прес-конференција на која го најави реваншот со бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во квалификациите за Европската лига на ЕХФ. Во првиот меч одигран во Германија, екипата на Хановер-Бургдорф славеше со 37:27. Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 19.30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје, а ќе биде посебен момент за тимот затоа што пред стартот на мечот ќе го добие пехарот во Европскиот Куп на ЕХФ кој го освои со победа над АЕК Атина во финалето.
Ракометарите на Алкалоид в сабота (6 септември) со почеток од 19.30 часот во салата „Автокоманда“ во Скопје ќе го играат реваншот против Хановер Бургдорф од Германија во квалификациите за пласман во Европската лига на ЕХФ. Во првиот натпревар одигран во Хановер, тимот на Кирил Лазаров загуби убедливо со резултат 37:27. Како што е најавено, пред почетокот на возвратниот дуел, на РК Алкалоид ќе му биде доделен победничкиот пехар од ЕХФ Европскиот куп освоен минатата сезона.