Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1. Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70). Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.
Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони.