На Јувентус му беа доволни само пет минути, од 59-та до 64-та преку Самуел Ембангула и Тимоти Веа да го победи Милан 2-0. Во еден од најслабите и најдосадни дерби натпревари меѓу Јуве и Милан во последните децении, бјанконерите конечно ставија крај на серијата нерешени средби во Серија А и освоија три бода.
Јувентус славеше во дербито против вечниот ривал Милан со 2-0 во 21. коло од италијанската Серија А. Двете екипи во првото полувреме имаа неколку убави шанси, меѓутоа одбранбените фудбалери беа на висина на задачата, па мрежите мируваа до паузата.