Првиот гол беше вистинско ремек-дело по соло-пробив, што Муани го круниса со прекрасен удар под гредата за предност од 0-1. Коми израмни пред самиот крај на првото полувреме, а резултатот гласеше 1-1 се до 85. минута, кога домашниот голман неспретно реагираше удирајќи го во главата Гати по еден центаршут, што резултираше со пенал што Коло Муани го претвори во победнички гол за Јувентус. Ekipa