Иако Реал го победи Виљареал и привремено се искачи на првото место на табелата во Ла Лига, тренерот Карло Анчелоти не го криеше својот бес поради тоа што неговиот тим мораше да игра вечерва.
Само три дена по исцрпувачкиот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико, кој Реал го мина по 120 минути игра и пенали, актуелниот шампион на Шпанија мора да продолжи со борбата за одбрана на домашната титула, и тоа на тешко гостување.