Килијан Мбапе доби само еден меч суспензија за остриот старт против Алавес, а тоа значи дека ќе игра на Ел Класико против Барселона.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе му се извини на играчот на Алавес, Антонио Бланко по тешкиот прекршок над него во 31. коло од шпанската Ла Лига.
Недисциплината на клучните фудбалери е еден од најголемите проблеми на Реал Мадрид сезонава, тренд што продолжи и со денешниот црвен картон што го доби Килијан Мбапе на гостувањето против Алавес.