Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.
Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, рече дека тие како семејство се целосно исфрлени од овој случајов и дека законот е таков што родителите целосно се отфрлени и се само неми посматрачи.
Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина.