1 (51) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 09-May 07:47 -> 09-May 17:00
.
.
.
.

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

  • „Да, виновен сум“: Васил Јованов призна вина за смртта на Фросина Кулакова

  • Таткото на Фросина: Родителите се неми посматрачи дури и кога ќе им убијат дете

  • Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова: Да судија, виновен сум!

Сите сме свесни дека обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната, изјави адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова, Дарко Ал Блана, во изјава за медиуми по завршувањето на денешното рочиште во Основниот кривичен суд за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, во изјава за медиуми пред Основниот кривичен суд Скопје, рече дека тие како семејство се целосно исфрлени од овој случајов и дека законот е таков што родителите целосно се отфрлени и се само неми посматрачи.

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина.

2 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:16 -> 09-May 17:27
.
.
.
.

Македонија и Србија со заеднички гранични контроли на Табановце – Прешево

  • Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем и брза заедничка гранична контрола, имплементација пред летната сезона

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор помеѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

Министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска во Белград потпишаа договор меѓу Владите на Македонија и Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на вистински „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

3 (42) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 22:23 -> 09-May 15:00
.
.
.
.

Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

  • Едно лице е повредено во пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип

  • Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

  • СЕ ПОЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД НАПАЃАЧОТ: Полицијата излезе со детали за пукањето во Штип

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР.

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено, информираше ЈО. Пронајдено е и оружјето.

За пукањето во Штип, од полицијата соопштија дека вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип е пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад е пукано со пиштол при што едно лице е повредено.

6 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 14:40 -> 09-May 15:27
.
.
.
.

Директорка и службеници од МОН осомничени за проневера од 32 милиони денари за превоз на ученици

  • Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т. – поранешна директорка ДСУ „Киро Бурназ“ од Куманово, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П., против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование против Б.С. – управителка на правното лице.

СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“.

7 (101) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 09-May 17:29
.
.
.
.

ЛИЦЕМЕРНО Е ФИЛИПЧЕ ДА ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Тоа е како да поднесе закон за Модуларната болница или за враќање на името

  • Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

  • ДУИ до ЛЕН: Премиерот ве кара како мали деца, а вие се понижувате за да му се допаднете

  • Филипче: Владејачката коалиција е осудена на пропаст - Ќе видиме како ќе се однесува Таравари

Поднесување на предлог закон за настраданите во Кочани од страна на СДСМ е исмевање на народот во очи, смета Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат катастрофални резултати, имаат катастрофален начин на владеење.

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ја отворија новата детска градинка „Пролет“ во Центар.

8 (8) ■ вести > свет ■ 07-May 10:37 -> 09-May 16:03
.
.
.
.

Трамп предлага намалување на царините за Кина на 80 проценти

  • ТРАМП:Подготвен сум да се сретнам со Си во зависност од разговорите во текот на викендот

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска предложи намалување на царините за Кина од 145 на 80 проценти.

За прв пат откако американскиот претседател Доналд Трамп ја ескалираше трговската војна со Кина со воведување минимална царина од 145 проценти за повеќето стоки од Кина, Трамп изјави дека би бил спремен да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, објави Си-Ен-Ен. „Можеби, да, секако, во зависност од тоа што ќе каже Скот“, одговори Трамп на новинар кој го праша дали ќе разговара со Си откако министерот за финансии Скот Бесант и други американски претставници ќе се сретнат со кинеските претставници овој викенд.

14 (4) ■ вести > македонија > политика ■ 09-May 15:28 -> 09-May 16:44
.
.
.
.

Бримора: Посетата на Кошта на Скопје силен сигнал дека ја поддржуваме државата

  • БРИМОРА ЗА МИА: Посетата на претседателот на Советот на ЕУ на Скопје силен сигнал дека ја поддржуваме државата

Посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ. Фактот што го посетува Западен Балкан, тоа што доаѓа во Скопје, е доказ дека ние сме подготвени за проширување, вели во интервју за МИА полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. -Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Северна Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот.

Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за … Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

56 (15) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 09-May 16:54
.
.
.
.

Рафуна и Азески во Скопје разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

  • Косово без образложение задржува македонски камиони на граница, алармира Стопанската комора

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна, денеска престојуваше во Комората во Скопје на разговори околу проблемите со подолго задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

129 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:51 -> 07-May 15:15
.
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.

131 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.