Францускиот ас пристигна во Атлетико во 2014 година, а по двата периода кои ги мина во дресот на клубот, денес има 197 гола и е најдобар стрелец на сите времиња, надминувајќи ја легендата Луис Арагонес (173 гола). Со 442 официјални настапи, Гризман е осми на листата на фудбалери со најмногу одиграни натпревари за Атлетико и трет странски играч со најмногу настапи, веднаш зад Облак и Кореа. 24fudbal