1 (44) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 10:06 -> 15-Jun 18:45
.
.
.
.

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

  • Кочани ни е во фокусот - ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство Алиу

  • Алиу: Иако не сум доктор, моја обврска е да менаџирам и да создадам систем во здравството

  • Алиу: Ќе креирам систем за да можат лекарот и кардиологот да работат

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека деновиве, без камери, ќе оди во посета Кочани.

Новиот министер за здравство Азир Алиу, денеска на прес-конференција рече дека и покрај тоа што не е доктор, негова работа е да менаџира во здравството, и да обезбеди услови и систем со кој на докторите ќе им се овозможи да имаат успешни интервенции.

Министерот за здравство, Азир Алиу за новата функција вели дека не е лекар и нема да оперира срце туку ќе креира систем за да може лекарот и кардиологот да оперира срце во реално време со добри инструменти.

2 (186) ■ вести > свет > политика > војна ■ 13-Jun 01:30 -> 15-Jun 19:15
.
.
.
.

Трамп му се закани на Иран: Ако ги нападнете нашите бази, ќе ја почувствувате целосната моќ на американската војска

  • ТРАМП: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

  • Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка

  • Иран: Не го нападнавме Израел, но одмаздата ќе дојде во блиска иднина

Американскиот претседател Доналд Трамп објави директна закана до Иран, земјата што беше нападната од Израел пред неколку ноќи, на својата социјална мрежа TruthSocial.На почетокот на објавата, Трамп инсистираше дека Америка не е вклучена во овој конфликт и упати закана до Иран.„САД немаа никаква врска со нападот на Израел.

Иран и Израел наскоро ќе постигнат мировен договор, објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Фото: Принтскрин Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.Израелските медиуми објавија дека сите дронови лансирани од Иран како одмазда за израелските ноќни напади врз иранските нуклеарни постројки и елиминацијата на членовите на иранското воено раководство и научниците кои работат на нуклеарната програма биле соборени.„Иран лансираше околу 100 дронови кон израелска територија како одмазда, што Израел се обидува да ги пресретне“, изјави претходно портпаролот на израелската војска, бригаден генерал Ефи Дефрин, изјава што иранските медиуми сега ја негираат.

3 (48) ■ вести > македонија > политика > војна ■ 13-Jun 07:49 -> 15-Jun 17:00
.
.
.
.

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

  • Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран доколку им е потребна конзуларна помош

  • Македонското МНР објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран

  • МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран

Фото: „Нова Македонија“ Вкупно 22 лица досега побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Македонија.

Фото: Маја Јаневска-Илиева Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.

5 (39) ■ вести > свет ■ 14-Jun 14:05 -> 15-Jun 17:15
.
.
.
.

Потрага по осомничен за двојно убиство во Минесота - награда од 50.000 долари

  • Пратеничка во Преставничкиот дом на Минесота е убиена во својот дом во политички мотивиран атентат

  • Уште се трага по убиецот на американската претставничка од Минесота и нејзиниот сопруг - ФБИ понуди награда

  • Ова е осомничениот кој облечен како полицаец пукаше во политичарите во Америка

Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.

Во тек е голема потрага по осомничениот за пукањата, кои се водат како политички мотивирани атентати, а во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро (ФБИ) Двајца американски политичари од редовите на демократите, членови на законодавниот дом на сојузната држава Минисота утрово биле застрелани во нивните домови, во два одделни случаи, јавуваат медиумите во САД и во Велика Британија.

ТВ Си-би-ес пренесе претходно дека во возилото на Батлер е пронајден список со голем број можни мети, со повеќе од 50 имиња, меѓу кои се имиња на службеници кои не се од Минесота, активисти за правото на абортус и медицински персонал кој работи на такви зафати.

Поранешен помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц, се бара во врска со атентатот врз државен претставник и напад врз сенатор, соопштија полициски извори.

6 (8) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 14:31 -> 15-Jun 16:00
.
.
.
.

МИТЕВА И ЛЕФКОВ: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

  • Во тек се финалните подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Портпаролката на Владата, Марија Митева и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, извршија увид во одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар.

Во тек се финалните подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржини, со цел да се обезбедат оптимални услови за третман и целосно опоравување на повредените од Кочани, покажува увидот на портпаролката на Владата, Марија Митева и на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кои денеска беа во посета на одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

8 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Jun 12:00 -> 15-Jun 19:13
.
.
.
.

ДУИ: Стоилковиќ ја претстави Владата рамо до рамо со Русија, Кина и локалните инсталации од српскиот и рускиот свет, во одбрана на руската агресија врз Украина - CivilMedia

  • Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи - велат од ДУИ, по присуството на Стоилковиќ на прием на руската амбасада

Демократската унија за интеграција испрати соопштение во кое остро реагира на неодамнешните хибридни дејствија на инсталациите „Српски свет“ во рамките на Владата, кои јавно и со целосен институционален капацитет, во име на самата Влада, ги промовираат и бранат руските наративи во земјата.

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ, по присуството на Стоилковиќ на прием на руската амбасада 360степени | 15 јуни, 2025 14:00.

9 (12) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Jun 10:35 -> 15-Jun 17:00
.
.
.
.

СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО „ПЕТАР МУСЕВ“ ВО БОГДАНЦИ Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

  • Кривични пријави за незаконски изведена реконструкција на ООУ „Петар Мусев“ во Богданци

СЕРИОЗНИ ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО „ПЕТАР МУСЕВ“ ВО БОГДАНЦИ Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво Друштво од Скопје е под сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“ поради наводно несоодветно постапување при реконструкцијата на покривот на училиштето „Петар Мусев“.

СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.Г.(39) од Скопје, сопственик и овластено лице на Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, И.Т.(45) од Скопје, потоа против посоченото Друштво за проектирање, инженеринг, трговија и услуги од Скопје, како и против Љ.Т.(62) и Л.Г.(69) од Скопје, соопштија од МВР.

13 (6) ■ вести > македонија ■ 15-Jun 12:59 -> 15-Jun 17:47
.
.
.
.

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

  • Прилепските археолози ги доистражуваат уникатините камени гробници на Маркови Кули, не се знае уште колку ги има

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули Од МИА Објавено 15/06/2025 19:47:59 Фото: Принтскрин Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп.

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп.

15 (41) ■ вести > македонија > политика ■ 13-Jun 07:06 -> 15-Jun 16:00
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Која е причината што ЈО молчи за идентичен случај и има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди Q8 од 130 000 евра на Филипче?

  • Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

  • СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов - ајде Мицкоски нека каже колку е дебела неговата врска со Нацев од Рубикон

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, Филипче ниту го поседува ниту го поседувал возилото Ауди

ЈО со денови молчи и не превзема никакви дејствија во однос на изнесените сомнежи за криминал и милионските суми кои завршиле во бугарски фирми на кланот Заеви и Филипче, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од: А1он Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски.

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се штанцаат лаги, конструкции и валкани манипулации, насочени кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Соопштение на СДСМ: Соочени со целосна безидејност, секојдневни скандали кои ја тресат Владата и вистината за Кочани која покажа дека за најголемата трагедија одговорна е власта, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

62 (16) ■ сцена > фудбал ■ 14-Jun 06:53 -> 15-Jun 17:17
.
.
.
.

Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“

  • Дејвид Бекам прогласен за витез

На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.

Британскиот крал Чарлс го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез на церемонија по повод неговиот роденден, според традиционалниот список на почести објавен во петокот.„Никогаш не можев да замислам дека ќе ја добијам оваа чест“, им рече Бекам на новинарите, потсетувајќи се на своето воспитување во Источен Лондон, во скромно семејство на „патриотски и горди британски родители, баби и дедовци“.Сер Дејвид и Лејди Викторија50-годишниот Бекам, кој се пензионираше од професионалниот фудбал во 2013 година, сега ја носи титулата Сер Дејвид, додека неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на „Спајс грлс“, станува Лејди Викторија.Бекам, кој стана икона и во светот на спортот и во светот на модата, со години е кандидат за оваа награда.