Пред нивната венчавка, која привлече големо внимание од јавноста, американскиот милијардер Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез престојуваат во Хрватска, каде што поминуваат време пред церемонијата.Имено, двојката пристигна во Хрватска на почетокот на јуни, каде што уживаат во крстарење со луксузната јахта „Кору“ и придружниот брод „Абеона“, а нивната јахта е забележана во марината Каштела.
На 10 јуни, двојката го продолжила своето патување кон Хвар, каде што ја поминале ноќта закотвени во близина на Стари Град, а вечерта ја поминале во еден од ексклузивните ресторани на островот.