Немаме коментар, ве молиме почитувајте ја приватноста на семејствата на Диого и Андре и на сите нивни најблиски, додека се обидуваат да се помират со оваа незамислива загуба, објави попладнево англискиот фудбалски шампион Ливерпул по повод смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.
Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26). Тие биле на одмор во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот, а потоа се запалил.
Најголемите португалски екипи се збогуваа со Диого ЖотаУжасни вести ни пристигнаа утрово од Шпанија, најлошите можни.
Фото/ EPA-EFE/ADAM VAUGHAN Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа.