Најдобриот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, сензационално е елиминиран уште на стартот од мастерсот во Индијан Велс, откако загуби во второто коло од Холанѓанецот Ботик ван де Заншлуп (2-6, 6-3, 1-6). Поразот е уште посензационален ако се има предвид дека неговиот противник влезе во главната ждрепка како „среќен губитник“, додека Ѓоковиќ првпат од 2018 година испадна од Индијан Велс по само еден меч.