Грег Попович се повлекува одфункцијата главен тренер на Сан Антонио Спарс и ќе ја преземе функцијата претседател на кошаркарските операции во клубот, објави Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада (НБА). Попович (76) кој има најмногу победи како тренер во историјата на НБА, доживеа благ мозочен удар минатиот ноември и не се врати на работа до крајот на сезоната.
Грег Попович, еден од најтрофејните тренери во историјата на НБА лигата и долгогодишен стратег на Сан Антонио Спарс, официјално повеќе нема да биде главен тренер на оваа франшиза.