Кошаркарките на ЖКК Вардар е освојувач на победничкиот пехар наменет за најдобрата во М18 лигата во женска младинска конкуренција.
Имаа пеколна прва четвртина девојките во „црвено-црна“ комбинација во финалниот меч, со која противникот, екипата на МЗТ Скопје, го оставија без никаква шанса за успех (64-47). Начевска оствари „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 18 скока, Џангаровска ја следеше со 14 поени, а Николиќ заврши со 10 поени.