Кошаркарите на Олимпијакос го добија големото грчко дерби против Панатинаикос и со победата од 97-93 славеа во „малото финале“ во Абу Даби и го освоија третото место во Евролигата. Gol
Олимпијакос го отвори мечот на одличен начин со 33-20 во првата четвртина, а нивната предност на полувреме изнесуваше 57-46. Панатинаикос не успеа да ја врати неизвесноста во третата четвртина, па така Олимпијакос влезе во последните 10 минути со предност од +11 (75-64). Драматично беше во завршницата на дуелот кога Панатинаикос успеа да намали на три поени негатива (90-93), но Олимпијакос не дозволи пресврт до крајот на мечот. Sport1