Таа во дуелот во четврт-финалето, во натпревар што траеше малку повеќе од два часа, вчера ја победи Мариам Болквадзе од Грузија со 7-6, 6-3. Со пласманот меѓу четирите најдобри тенисерки на овој турнир во Словенија, Ѓорческа освои и нови поени, за напредок на ранг-листата на Женската тениска асоцијација (ВТА). Претходно, таа во првото коло на турнирот во Марибор ја победи Петра Марчинко од Хрватска, со 6-4, 6-4, а во втората рунда и четвртата носителка Џесика Понше од Франција, со 6-4, 2-6, 7-6. Во денешниот полуфинален натпревар Ѓорческа ќе се сретне со победничката на дуелот помеѓу Каја Јуван (Словенија) и втората носителка на турнирот Антониа Ружиќ (Хрватска). Novamakedonija