Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта оствари одвоена билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски уште еднаш ја потенцира поддршката што Унгарија и ја дава на нашата земја за зачленување на ЕУ, но исто така нагласи и дека двете земји се за мир во Украина што го покажале со поддршката на Резолуцијата на САД во ОН. – Ние и Република Северна Македонија сме на страната на мирот.
Секој што мисли дека може да се најде решение за војна и конфликт со гео-стратешки импликации без учество на Соединетите Американски Држави има несериозен и неискрен пристап кон конфликтот, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.