Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио.
Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.