Вечерва претставата ќе има македонска премиера.
Претставата е изработена според истоимениот роман на Алесандро Барико. Republika
„Има ли крај на одмаздата, или пак ова е еден маѓепсан круг во кој сите сме проколнати да се вртиме?“, е едно одлично прашање што го поставува овој роман.
Засилувањето на одмаздата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме. Kanal5
Дејствието е пренесено преку драмска игра, музика , сонгови и кореографија, доловувајќи ја шпанската корида, танцот, но и исламските песни- касиди.
На тој начин , поетика во која се спојуваат нежноста и суровоста од новелата на Барико, е пренесена во претставата. Telma
По настапот на фестивалот „ Театарот на крстопат“, во септември во Пловдив- Бугарија, на сцената на Албанскиот театар од Скопје, а во рамките на годинашниот Интернационален театарски фестивал „ Млад отворен театар“, вечерва ќе се одржи македонската премиера на претставата „ Без крв“. Telma