За време на работилницата, учесниците ќе бидат запознаени со овие практики и ќе бидат поканети да се вклучат во идеите, методите и техниките што произлегуваат од размислувањето во и надвор од материјалниот свет.
Изложбата составена од колаборативни дела на Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома првпат беше претставена во 2023 година под наслов „Грејсленд: триумфот на неизвесниот пат“, во рамките на 8-то Солунско биенале на современа уметност, организирано од MOMus – Метрополитенска организација на музеи на визуелни уметности на Солун. Republika
Уметници се Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома (Грција,) Билал Јилмаз (Турција), а кураторка е Лидија Хатсијакову (Грција), чија работа, велат од „Крик“, гравитира околу улогата на уметноста како алатка за општествени промени, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и современата улога на занаетите.
„Во ‘Парадоксот на Грејсленд’, уметниците се осврнуваат на испреплетените кризи на климатскиот колапс, раселувањето и технолошко-социјално отуѓување како симптоми на доцниот капитализам. Radiomof
Работилницата „Материјални експерименти во Грејсленд“ предводена од уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома, во куратоство на Лидија Хацијакову ќе се одржи во четврток, на 26 јуни, од 16:00 до 18:00 часот во Музеј на современа уметност во Скопјe. Republika