Skopjeinfo
Охрид по уште еден Илинден: Доста е со „невеста прва вечер“ моментот, време е за сериозен factory reset, градот да се врати на оригиналните подесувања, констатира тој на почетокот на својата објава споделена на фејсбук која ви ја пренесуваме во целост: Вредните охридски комуналци уште од рано утрово се „бореа“ со планините ѓубре кои нашите почитувани гости ги оставиле во корпите за отпадоци, околу корпите, но и во „слободен стил“ насекаде низ градот.
Гледајќи ги како работат и вадат шишиња, лименки, хартија, маички и што се' не друго од езерото, станува јасно дека желбите се едно, можностите друго, а реалноста сосема трето, по што сосема оправдано се поставува прашањето - има ли надеж да се средат состојбите? Skopjeinfo