Со восхит и почит кон корените, овој проект досега ја пресоздаде емоцијата на некои од најмоќните композиции: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова) и „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски). „Македонијо, во срце те носиме“ е гласот на народот, инспириран од нашите предци, создаден за генерациите што доаѓаат, мост меѓу времињата, емоции впишани во секој акорд, затоа уживајте во „Нека живеј Македонија“ и гласот на Сузана Спасовска:. Kurir