Во рамки на кинеската вечер вљубениците во класичната музика вечерва на „Охридско лето“ ќе можат да уживаат во музицирањето на уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву, во пијано шридружба на маестра Хоу Јуан. Trn
Во 2002 година заминува во Франција каде ги продолжува студиите и во 2005 година победува на натпреварот „Париз Белан“, а следната година со прва награда се здобива и на Меѓународниот натпревар во Бенидорм, Шпанија.
Како солист Веи Ванг е поканет да настапи во салата на УНЕСКО во Париз, а од 2013 до 2025 година редовно настапува на Мултикултурниот фестивал на УНЕСКО. Frontline
Во 2024 година настапува со францускиот ансамбл „Епик барок“ на уметничкиот фестивал во Шангај, а потоа и на кинеската турнеја како дел на која се одржуваат бројни мајсторски курсеви на повеќе конзерваториуми и универзитети низ Кина.
Посветена на педагошката работа, Аи Ву е професор на Конзерваториумот во Брест, Франција, често е гостин предавач на неколку кинески универзитети и е почесен професор на Универзитетот за уметности во Гуанжи. Frontline
Во 2004 година победува на натпреварот за пијанисти во Париз, а во 2008 година ја дели првата награда на Натпреварот за камерна музика „Леополд Белан“.
Како камерен музичар, Хоу Јуан е поканета да настапува на Фестивалот за уметности на УНЕСКО, во 2015 година настапува на Филмскиот фестивал во Кан, на фестивалот „Бели ноќи“ во Париз, како и на 35-годишнината од проектот на УНЕСКO „Патот на свилата“ во 2023 година. Frontline