1 (77) ■ вести > свет ■ 17-Feb 08:41 -> 19-Feb 20:23
.
.
.
.

Онлајн „судири„ меѓу американските и украинските власти

  • Трамп го нарече Зеленски диктатор

  • Трамп рече дека Зеленски „ќе биде вклучен“ во мировните преговори

  • Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски „диктатор без избори“, откако тој оцени дека Трамп бил под влијание на руски дезинформации во неговите напори да стави крај на руско-украинската војна, но под услови за кои Киев вели дека се премногу поволни за Москва.

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на неговата социјална мрежа Truth Social.

Американскиот претседател Доналд Трамп инсистира на тоа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „ќе биде вклучен“ во какви било мировни преговори за ставање крај на руската војна, додека тој исто така изјави дека може „многу наскоро“ да се сретне со лидерот на Кремљ Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.

4 (83) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Feb 16:33 -> 19-Feb 15:14
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Гаф на обвинителот - „Лесна“ дисциплинска грешка за Коцевски не е причина за разрешување

  • Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски денеска на седница на Влада

  • Коцевски: Ако не се утврди дека сум сторил тешка дисциплинска повреда, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен законски или незаконски

  • Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавните обвинители

Голем гаф на обвинителот.

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

Не можам да коментирам без да ги видам наводите од Владата, но од она што го слушнав досега ќе треба да се утврди дали сум направил тешка дисциплинска повреда. ако е така јас сам ќе се повлечам вели државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Коцевски, пред денешната владина седница за неговото разрешување.

Владата на денешната седница, го разгледала мислењето од Министерство за правда и по сериозна дискусија го задолжила ресорното Министерство да достави предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител пред истекот на неговиот мандат, кое потоа, како што истакна на денешната прес – конференција портпаролката на Владата Марија Митева, ќе го достави до Советот на јавните обвинители.

10 (20) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 19-Feb 10:15 -> 19-Feb 16:36
.
.
.
.

БАЈРАМИ ИЗНАЈМИЛ ПРОСТОРИИ ПО ДВОЈНО ПОВИСОКА ЦЕНА Нова кривична против ексдиректорот на Лотарија поради милионска штета

  • Нова кривична пријава за Перпарим Бајрами, закупил деловен простор за двојно повисока цена од пазарната

  • Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Перпарим Бајрами

Финансиската полиција поднесе нова кривична пријава против поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами, кадар на ДУИ.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе уште една кривична пријава против поранешниот директот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службена положба и овластување.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против П. Б. во својство на директор на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Р.С. Македонија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот Законик.

15 (11) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 19-Feb 14:20 -> 19-Feb 16:41
.
.
.
.

Референтка од МВР заработи кривична: Издала дозвола за возило кое веќе било запленето

  • Суспендирана вработена во кумановската полиција, ја злоупотребила службената положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднел кривична пријава против М.П., референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П., референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело „несовесно работење во службата“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

49 (5) ■ бизнис > македонија ■ 19-Feb 14:10 -> 19-Feb 15:05
.
.
.
.

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

  • 4iG ГИ ЗАЈАКНУВА ВРСКИТЕ СО ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ФИРМИ Чекор кон подлабока соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

98 (5) ■ бизнис > балкан > регион ■ 19-Feb 09:31 -> 19-Feb 10:18
.
.
.
.

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија

  • ГРЦИЈА ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО МАКЕДОНИЈА Ќе биде готов идната пролет

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

163 (11) ■ бизнис > македонија ■ 17-Feb 13:52 -> 17-Feb 14:42
.
.
.
.

Од полноќ ново поскапување на горивата

  • Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар, а цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,33 отсто.