Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам, јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин.
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска треба да биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
Доколку се утврди дека сум сторил тешка дисциплинска постапка, јас ќе го прифатам тоа и нека ме разрешат, но доколку не се исполнети условите од Законот за јавно обвинителство, јавноста ќе цени дали сум разрешен законски или незаконски.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски нема да поднесе оставка, туку ќе ја чека процедурата за неговото разрешување што ја иницираше Владата.