Досега се појавил во околу 70 улоги, а потпишан е како продуцент на над 20 филмови.
На филмското платно во амфитеатарот во Дојран ќе биде прикажан негов омаж, а по доделувањето на наградата, публиката ќе ужива во филмот „Дневникот на машиновозачот“, во кој главна улога игра токму Лазар Ристовски. alfa.mk
Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“. Република