Други податоци од Евростат покажаа дека по првпат од 2005 година, кога европската статистичка агенција ги мери податоците, Индексот на цени на храна и безалкохолни пијалаци за Албанија благо го надмина нивото од 100% (100,1%). Ова значи дека цените на храната во Албанија се за 1% поскапи од просекот на Европската Унија, додека приходите според методот на паритет на куповна моќ изнесуваат 41% од просекот на ЕУ. Најскапите прехранбени производи за албанските домаќинства во споредба со ЕУ се јајцата, сирењето и млекото, кои скокнаа на 131% од просекот на ЕУ, од 119,5% претходната година. Republika