Тоа е така затоа што македонскиот јазик никогаш и не бил дел од т.н. „спор за името“.
Втората заблуда е дека Преспанскиот договор е последниот компромис кој го правиме со членките на ЕУ, пред нашиот прием во Унијата. Kurir
„ДВЕТЕ КЛУЧНИ ЗАБЛУДИ ЗА ПРЕСПА!Случувањата во Европскиот парламент во врска со македонскиот јазик, уште еднаш не соочија со реалноста во која се наоѓаме, а која воопшто не е розева.
Но, исто така, на површината испливаа две заблуди кои постојат во нашата јавност за дострелот и ефектите од Преспанскиот договор, кои буквално го парализираа нашиот прогрес кон членство во ЕУ. Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со овој Договор (освен симнувањето на Грчкото вето за ЕУ и НАТО). Таа заблуда е дека со Преспа „се потврдил“ македонскиот јазик во нашата лична карта во ОН. Напротив, во ОН уште од приемот на нашата држава во 1993 година, во личната карта на нашата земја службениот јазик си беше именуван како „македонски“. Faktor
Да резимирам, Преспанскиот договор не донесе никаква промена во поглед на македонскиот јазик во личната карта на земјава во ОН. Состојбата си остана иста како претходно, исто како за знамето.
Во личната карта на земјава во ОН само се впиша новото Уставно име: „Република Северна Македонија“. Faktor