1 (9) ■ вести > македонија ■ 04-Nov 09:02 -> 06-Nov 09:12
.
.
.
.

Во Берово најстудено со – 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени

  • Сончево со мала облачност, наутро студено со појава на магла – Временска прогноза за 6.11.2024

Во Берово утрово најстудено со измерени – 5 степени Целзиусови, во Охрид, Виница и Гевгелија 4 степени.

Наутро студено со услови за слаба магла по котлините.

5 (87) ■ вести > свет ■ 04-Nov 07:24 -> 06-Nov 09:12
.
.
.
.

На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори

  • Трамп: Не требаше да ја напуштам Белата куќа

  • Трамп ја освои и Пенсилванија на патот кон втор мандат како претседател на САД

  • Би-Би-Си: Десет причини зошто и Трамп и Харис би можеле да победат

Врз основа на тековните проекции на Си-ен-ен, се помали се шансите потпретседателката Камала Харис до победи на претседателските избори.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа откако ги загуби претседателските избори во 2020 година, кои никогаш не ги призна.

Трамп, според последните проекции на Си-ен-ен, има освоено 266 електроски гласа, а Харис 188 електорски гласа од 270 потребни за победа.

Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си. Еден ден пред претседателските избори во САД, трката за Белата куќа е во ќорсокак - и на национално ниво и во секоја американска држава поединечно, пишува Би-Би-Си, со оценка дека анкетите се толку блиску, што и републиканскиот и демократскиот кандидат, Доналд Трамп и Камала Харис, би можеле да победат со поен или два.

9 (78) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Nov 08:47 -> 06-Nov 09:01
.
.
.
.

СДСМ во Собрание поднесе закон за укинување на ДДВ на основните прехранбени производи

  • Филипче: Во секој следен циклус на избори ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

  • Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени

  • Стојановски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи измените и дополнувањето на Законот за ДДВ поднесен од СДСМ

Укинување на пет отсто данок на додадена вредност на основните прехранбени производи, со што месечно би се штеделе од 1 200 до 2 000 денари предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го поднесе во Собранието.

Подготвени сме да одиме на избори од денеска натаму.

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратениците на СДСМ, со кој, според предлагачот, ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.

12 (36) ■ вести > свет > регион ■ 04-Nov 18:23 -> 05-Nov 19:10
.
.
.
.

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

  • Српскиот министер низ солзи поднесе оставка: Одговорен сум, но не виновен

  • Српскиот премиер ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво Горан Весиќ

  • По несреќата во Нови Сад, падна првата оставка

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка поради несреќата во Нови Сад, кога во уривањето на настрешницата на железничката станица загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

13 (30) ■ вести > балкан > регион ■ 04-Nov 12:30 -> 06-Nov 07:25
.
.
.
.

ВУЧИЌ СЕ ОБРАТИ ДО ЈАВНОСТА: Се закани со санкции за насилните протести

  • Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

  • Вучиќ: Сигурен сум дека надлежните органи ќе утврдат кој е виновен за трагедијата во Нови Сад

  • Вучиќ се обрати по насилниот протест во Нови Сад: Ќе бидат казнети сите сторители (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ, вечерва изјави дека во Нови Сад има грозоморни, насилни протести против државата Србија и порача дека сите кои учествувале во тоа ќе бидат кривично гонети.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е чин на одговорност, но тој не го принудил на тоа.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е сигурен оти надлежните државни органи ќе утврдат кој е кривично одговорен за трагедијата што ја погоди Србија.

По повод вечерашниот протест во Нови Сад, на својот Инстаграм профил се огласи претседателот на Србија Александар Вучиќ.

14 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Nov 09:37 -> 05-Nov 23:03
.
.
.
.

Ахмети: Најдобро решение е идната година да се одржат заеднички парламентарни и локални избори

  • Ахмети: Четврт век велам, ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

  • Вреди: Фронтот на Ахмети и Села е без компас

  • Таравари: ДУИ ги губи изборите од 2011 година, Ахмети секогаш ја делеше албанската опозиција

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со турскиот амбасадор во државата, Фатих Улусој, при што порача дека се посветени за градење на стратешко партнерство со Република Турција, земја која без резерва нè поддржува за членство во НАТО и Европската Унија.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Сметавме дека 100 дена се доволно време Ахмети и Села да ја прифатат реалноста и да се свртат кон внатрешен кадровски и програмски ремонт пред воопшто да почнат да се обидуваат да ја бараат довербата кај Албанците.

Одоговор на изјавата на Ахмети стигна веднаш од првиот човек на АА, Арбен Таравари во Клик Плус.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

161 (6) ■ бизнис > економија ■ 04-Nov 08:53 -> 05-Nov 09:07
.
.
.
.

Нафтените деривати поевтинија од полноќ

  • Од полноќ: Се намалуваат цените на бензините, поевтинува и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалија за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.