Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Civilmedia
При падот на настрешницата загинаа 14 лица, додека тројца се тешко повредени.
Дваесет и четиригодишната Ања Радоњиќ почина во Клиничкиот центар во Војводина и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад. Kanal5
Според РТС, меѓу 11-те уапсени се Горан Весиќ, Јелена Танасковиќ, Небојша Шурлан и Анита Димоски.
Во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно беа сослушани 66 лица, а распит чекаат уште пет лица. Kanal5
Според Обвинителството, за горенаведените кривични дела е пропишана затворска казна од две до 12 години.
Во падот на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад загинаа 15 лица, додека уште две лица се повредени и нивните животи се во опасност. Nezavisen