По вчерашното пуштање во употреба на експресниот пат Страцин-Крива Паланка, денеска продолжија препукувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околу тоа чија заслуга е изградбата на овој патен правец.
Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.
„Со гордост ја споделуваме веста за завршување на експресниот пат Страцин – Крива Паланка.
Од денеска ќе се вози по новиот експресен пат од Страцин кај Куманово до Крива Паланка...