Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС.
Се очекува Росен Жељазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации – ГЕРБ-СДС, БСП – Обединета левица, „Има таков народ“ и „Демократија, права и слободи“- ДПС, пренесе Бугарското радио.