Над 11,7 милиони странски туристи ја посетиле Албанија во 2024 година, за 15,2% повеќе од 2023 година, соопшти албанската министерка за туризам, Мирела Кумбаро.
Таа на Facebook напиша дека, покрај зголемувањето на пристигнувањето туристи од земјите во регионот, Албанија во 2024 година го потврди растот и стабилноста на туристичкиот пазар на гости од Италија, Германија, Франција и Обединетото Кралство, како и проширување на картата на далечните азиски и американски пазари.