1 (46) ■ вести > свет ■ 05-May 15:38 -> 07-May 10:38
.
.
.
.

Трамп се надева дека нападите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе запрат

  • Хронологија на конфликтот помеѓу Индија и Пакистан: Насилства кои траат 25 годин

  • Пакистан: Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели

  • Индија започна ракети напади врз Пакистан и Кашмир

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева оти тензиите меѓу Индија и Пакистан брзо ќе деескалираат, по вчерашните индиски напади врз цели во Пакистан, јави ДПА.

Индија во средата нападна девет локации во Пакистан за кои рече дека претставуваат „терористичка инфраструктура“, две недели откако 26 лица беа убиени во напад во индиски Кашмир за кој Њу Делхи го обвини Исламабад.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.

Индија вели дека започнала ракетни напади врз девет локации во Пакистан и Кашмир, администриран од Пакистан.

11 (88) ■ вести > македонија > политика ■ 05-May 07:50 -> 07-May 08:57
.
.
.
.

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ЛИДЕРИТЕ НА ВЛЕН: Имале конструктивен разговор

  • За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

  • Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат

  • Средба на Мицкоски со лидерите на Вреди вечерва во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со лидерите на Влен, а средбата поминала во конструктивна атмосфера.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.

Заврши средбата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на крило на Алијанса за Албанците (АА) Арбен Таравари, која, како што информираат од Владата за медиумите, поминала во конструктивен дух.

Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални избори ќе настапува самостојно иако намерите на коалицијата беа да се оди со заеднички кандидати и листи.

12 (40) ■ вести > свет ■ 05-May 15:08 -> 07-May 08:49
.
.
.
.

Кој е Фридрих Мерц – Куса биографија на новиот канцелар на Германија

  • Шокантен епилог во Бундестагот-Мерц не е избран за канцелар во првиот круг

  • Првпат во историјата на СР Германија кандидатот не беше избран за канцелар во првиот круг

  • По второто гласање, Мерц избран за канцелар на Германија

Конзервативниот лидер Фридрих Мерц денеска беше избран во вториот круг гласање од пратениците за десетти канцелар на Германија по Втората светска војна.

Лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц испиша историја откако стана првиот кандидат за Канцелар кој не бил избран при првиот обид во Бундестагот.

Кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија CDU/CSU Фридрих Мерц не го доби потребниот број гласови во првиот круг од изборите за канцелар во Бундестагот во вторник и не беше избран за канцелар, што е историски единствен случај.

Фридрих Мерц е нов канцелар на Германија откако на второто гласање во Бундестагот го доби потребното мнозинство.

14 (4) ■ вести > свет ■ 07-May 07:03 -> 07-May 09:39
.
.
.
.

ПОМОШ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПРОПАДНАТИОТ БЕЛГИСКИ „ВАН ХОЛ “ Европскиот парламент одобри 8 милиони евра

  • ЕП одобри осум милиони евра помош за поранешните работници на „Ван Хол“ во Белгија

Европскиот парламент го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од 8 милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“.

Европскиот парламент со 598 гласа „за“, 48 „против“ и пет „воздржани“ го одобри барањето на Белгија за пакет помош во вредност од осум милиони евра преку Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата за отпуштените работници (ЕГФ), за поранешните вработени на пропаднатата белгиска автомобилска компанија „Ван Хол“.

Повеќе од
оваа категорија

45 (2) ■ спорт > фудбал ■ 07-May 00:01 -> 07-May 10:22
.
.
.
.

Дуелот пред голот што го спаси Интер: Барса бесни на Марчињак

  • Фудбалски трилер: Интер избори финале во ЛШ во невиден спектакл против Барселона

Интер е првиот финалист на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4:3 по продолженија во спектакуларниот реванш од полуфиналето на домашен терен, со што се квалификуваше за натпреварот за титулата европски шампион со вкупен резултат од 7:6. Таму го чека подобриот од двојката ПСЖ - Арсенал, кои играат реванш денеска.

Првиот финалист на Лигата на шампионите оваа сезона е Интер, кој во спектакуларен реванш ја победи Барселона со 4:3 по продолженија и се пласираше понатаму со вкупен резултат од 7:6. Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез (21) и Хакан Чалханоглу (45-11м), но Барселона го сврти резултатот во второто полувреме со головите на Ерик Гарсија (54), Дани Олмо (60) и Рафиња (88). Токму кога се чинеше дека Барса ќе слави, Интер израмни во третата минута од судиското продолжение со голот на Франческо Ачерби, со што натпреварот се одведе во продолжение.

Повеќе од
оваа категорија

123 (6) ■ бизнис > економија ■ 05-May 09:55 -> 07-May 10:39
.
.

Азески на средба со косовскиот колега за надминување на проблемот со задржување на македонски камиони со прехранбени производи

  • Комората испраќа јасни пораки

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

Комората во изминатиот период, исполнет со кризи, покажа дека е можно кризите да се претворат во шанса ако се има јасна цел, а таа е доброто на државата, и ги мотивираше своите членки за инвестирање и за отворање нови работни места Ако се вратиме пет години назад, кога се соочивме со здравствената криза, можам слободно да кажам дека и покрај слабото или никакво дејствување на Светската здравствена организација, што остави простор секој сам да дејствува, и без нашето потребно искуство за пандемијата, ние како комора добро се справивме.

181 (4) ■ бизнис > македонија > политика ■ 05-May 13:12 -> 05-May 14:39
.
.
.
.

Бањата Кежовица ќе отвори многу перспективи за развој на туризмот

  • НИКОЛОСКИ: Браната на Отиња ќе биде готова в година, во Штип се работи и на ДУП за бањата Кежовица и за изградба на викенд населба

Силна поддршка за општините и дополнителни инвестиции во локалната инфраструктура, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на општина Штип.

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба да отвори многу преспективи за развој на туризмот, пред се на бањскиот туризам, а браната Отиње да биде готова следната година, ова денеска го истакна при посетата на општина Штип вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.