Земјотрес со јачина од 5,3 степени беше регистриран кусо по 22 часот по локално време во близина на Санторини, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос во изминатите најмалку десет дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос синоќа беше регистрирана нова серија земјотреси над 4 степени, од кои најсилниот беше 5 степени според Рихтер, додека земјотресите продолжија и во текот на ноќта и рано утрово, меѓутоа со помал интензитет, јави дописничката на МИА од Атина.
Четири земјотреси со јачина над 4,0 степени го погодија подрачјето помеѓу островите Санторини, Анафи и Аморгос во последните 12 часа, во контекст на тековната сеизмичка активност која го потресува регионот 2 недели, . Во 13:54 часот, имаше земјотрес со јачина од 4,0 степени, проследен со уште еден потрес во 13:59 часот, со јачина од 4,3 степени.
Релативно мирна ноќ, во споредба со изминатите денови, поминаа жителите на Санторини и околните острови со оглед на тоа што не беа регистрирани силни земјотреси, меѓутоа претпладнево за помалку од еден час имаше серија земјотреси со јачина од над четири степени.