Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.
Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Press24
Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани. Biznisvesti
Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. A1on
Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра.
Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски. Press24
Премиерот Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа Фејсбук, најави дека денеска ќе се соопшти добра вест за македонското стопанство.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани во Општина Гази Баба.
ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува минатата власт предводена од СДСМ за уништување на енергетските претпријатија.
Криминалното и недомаќинско работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор и во управувањето со ЕСМ резултираше со поскапа струја за граѓаните 7 години по ред, и е причина за финансиските проблеми на претпријатието до денес, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и ДУИ за свои лукративни интереси, го девалвираа и уништија енергетскиот сектор.
Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани денеска најавија прес-конференција на која ќе го изнесат нивното мислење за состојбата со јавниот превоз во Град Скопје, кој два дена беше во колапс.
На синоќешната вонредна владина седница, се одлучи Владата дел од своите резерви да даде на ЈСП Скопје за да може од денеска да има нормализирање на јавниот превоз, после хаосот во изминатите два дена.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова попладнево во својот кабинет ја прими поранешната вицепремиерка и ексминистерка за одбрана Радмила Шекеринска, за лично да ѝ го честита назначувањето на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО-Алијансата.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно ја прими Радмила Шекеринска за лично да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва од Белград рече дека Владата е во фаза на анализа на проект за набавка на 100 до 120 електрични автобуси кои освен за Скопје, би биле распределени и во останатите градови во земјава во кои има јавен градски превоз.
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку и за општини каде што има организиран јавен градски превоз.