Фудбалерите на Пелистер со гол во судиското продолжение триумфираа вечерва во Битола во дербито против вечниот ривал Вардар со 1-0 во завршниот натпревар од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Во спектакуларна атмосфера и пред бројна публика на стадионот „Петар Милошевски“, која одамна е раритет на натпреварите во македонското првенство, Пелистер до победата дојде со голот на капитенот Мирко Ивановски во втората минута од судиското продолжение.
Само еден гол е постигнат во првото полувреме од натпреварите од 13 часот во Првата македонска фудбалска лига.